Мултифункционалната софа „Орвел“, во основа е кауч, но има две други функции кои го прават многу практично и функционално парче мебел.
Софата може да биде кревет, или уште подобро приватна кабина, нешто како скриено волшебно место, кое секое дете го сака. Замислете ја количината на просторот што можете да го заштедите со ова три во едно парче мебел.
„Орвел“ е новиот проект на Алваро Гула и Пабло Фигуера, победнички дизајн на „Goula Figuera Studio“.
Тие одлучија функционалната алтернатива да ја соберат во едно од суштинските парчиња мебел во секој дом. Со овој дизајн може да имаме најдобар кауч, удобен кревет и неопходна интимност која понекогаш може да биде пропуштена, дури и во нашите домови.
Парчето мебел не е само место каде може да се седи, или лежи, туку е повик да се скриете внатре, да читате, да медитирате…