Социјалната мрежа Твитер излегува на берза

Од:

Акциите на „Твитер“ ќе излезат на берза објави синоќа социјалната мрежа во твит од својот официјален профил @twitter.

– Го поднесовме формуларот С-1 до американската комисија за хартии од вредност за пуштање на нашите акции на берза, се наведува во пораката објавена на Твитер.

Социјалната мрежа Твитер прерасна во една од најразвиените и највлијателни, на која своите ставови ги изнесуваат сите познати личности, новинари и други луѓе.

Компанијата на почетокот на годината објави дека има над 200 милиони активни корисници, но според некои аналитичари оваа бројка е далеку поголема.

Излегувањето на Твитер на берзата беше долго очекуван потег. Компанијата во изминатиот период напорно работеше да ги зголеми приходите од реклами и според и-Маркетер Твитер годинава од реклами се очекува да заработи 582 милиони долари, во споредба со 288,3 милиони долари во 2012 година. Според аналитичарите до 2015 година се очекува приходите на Твитер од реклами да достигнат 1,33 милијарди долари.

Аналитичарите вредноста на Твитер ја проценуваат на околу 10 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Маск го купи Твитер за 44 милијарди долари, а сега вреди помалку од 20 милијарди долари

Ана Ололовска

На Twitter не работи речиси ништо

Ана Ололовска

Твитер продолжува да отпушта вработени

Ана Ололовска

Маск: Ќе ја напуштам функцијата шеф на Твитер штом најдам некој доволно глупав за оваа работа

Ана Ололовска

Илон Маск ги укина суспензиите на неколку новинари на Твитер

Ана Ололовска

Маск најави големи промени на Твитер: „Болно, но неопходно“

Ана Ололовска