Сега, на 81 година, решив да исполнам еден мој стар сон, вели Анастасиа Геролимату, од грчкиот остров Кефалониа, која денеска ќе се обеди да влезе во Гинисовада книга на рекорди, поминувајќи 18 наутички милји со windsurf, jави дописничката на МИА од Атина
Таа потенцира дека е аматер во спортот со кој се занимава веќе 41 година, учела сама, а сега веќе е подготвена за подвигот, од местото Скала на островот Кефалониа да стигне на другата страна, на пристаништето во градот Килини на Пелопонез и да помина 18 наутички милји.
-Возраста е само една бројка, пишува Геролимату на Фејсбук во пресрет на денешниот подвиг. Вели дека ќе ја помине нејзината Одисеја за да биде пример за сите, а особено за младите.
Кусо по 12 часот подвигот започна, 81-годишната Гркинка се качи на нејзината штица и се очекува на целта да стигне по околу четири часа.
Организаторот на настанот Јанис Скуројанис, за грчката новинска агенција АНА-МПА, утрово изјави дека „госпоѓа Анастасиа е подготвена за големиот подвиг“, а нејзин сојузник е ветерот кој дува во правец што ќе ѝ помогне побрзо да стигне до Килини