Детскиот културен центар „Карпош“-Скопје од денеска до 25 февруари на Попова Шапка ќе ја организира традиционалната манифестација за деца „Снежен град“. Од 25 февруари ќе организира и „Карван – Попова Шапка 2017“ – еднодневни излети до Снежниот град.
Градители на Снежниот град се ученици од основни училишта од Скопје, Гевгелија, Виница и од Тетово. Тие ќе бидат сместени во хотел „Славија“-ЕЛЕМ, со кој ДКЦ „Карпош“ соработува во организирањето на манифестацијата.
Снежниот град ќе биде отворен за посетители на 25 февруари во 11 часот, кога ќе го претстават неговите градители и директорката на ДКЦ „Карпош“ Ружа Ѓорѓеска.