Лекот „Диане 35″ се продава во Македонија, иако од него починаа две лица во Франција, додека млада девојка во Хрватска едвај преживеала откако лекот кој требало да и помогне, и предизвикал тромбоза на десната рака, објави Новатв.мк.
Овој препарат во Македонија им се дава на девојчиња кои имаат хормонски промени или мозолчиња по лицето. Според фармаколозите, лекот треба да се препишува исклучиво за таа намена, а не како средство за контрацепција, бидејќи долготрајната употреба го зголемува ризикот од појава на тромбоза.