Смоква – чудесен антиоксидант

Од:

Најстарите податоци за смоквата одат повеќе од 11 илјади години во минатото, во Јорданската долина. Од Африка смоквата пристигнала на Крит и во Стара Грција, каде станала една од главните состојки во исхраната.

Во Рим ја сметале за свето овошје.

Припаѓа на родот Ficus и фамилијата Moracea. Дали знаете дека всушност смоквата која ние ја јадеме е цвет? Највкусна е ако се јаде веднаш откако ќе се набере.

Богата е се минерали, особено калциум, магнезиум и калиум. Калциумот го има многу повеќе во сувиот отколку во свежиот плод.

Високиот процент на калиум дејствува на регулирање на притисокот.

Добар извор се на железо, манган, селен. Ги содржат витамините од групата Б, витаминот П – значаен за еластичноста на малите крвни садови, А, Ц и Е.

Количеството на полифенол е големо и благодарејќи на него, смоквата е силен антиоксидант.

Имаат многу прехранбени влакна, од кои поголемиот процент, оние кои се растворливи во вода. Тие влакна помагаат при смалувањето на нивото на глукоза и холестерол во крвта, а воедно и дејствуваат поволно во регулацијата на пробавата.

Содржат и до 80% вода, а истовремено имаат и многу природни шеќери. Затоа се одличен извор на енергија, ја поттикнуваат работата на мозокот, брзото размислување и добрата меморија.

Ако се вратиме некоја деценија или век во минатото, ќе дознаеме дека смоквите во комбинација со парче леб, биле вообичаен оброк.

Свежи или суви – тие можат да послужат како меѓуоброк кој ќе ви ја врати енергијата.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска