УанПлус 5, наследник на смартфонот УанПлус 3Т, на пазарот ќе стигне ова лето.
Компанијата УанПлус потврди дека произвела смартфон УанПлус 5, а бројот 4 е прескокнат бидејќи се смета за несреќен според кинеските верувања, поради кои кај зградите во Азија се прескокнува четвртиот кат.
За новиот смартфон не се знае многу, но се шпекулира дека има 5,5 инчен QuadHD екран, Snapdragon Qualcom 835 процесор, 8 GB RAM и батерија од 3.600 mAh.
Смартфонот во продавниците ќе се појави со инсталиран оперативен систем Андроид 7 Nougat со некои дополнителни опции на компанијата УанПлус.