Научници од Универзитетот во Вашингтон го изработија првиот смартфон, кој троши толку малку електрична енергија, што и не му е потребна батерија, туку се полни од околни извори, пишува страницата „Хотхардвер“.
Според експертот Шиам Голакота, уредот речиси и да не троши енергија, што би претставувало вистинска револуција во мобилната телефонија. Новиот телефон е оспособен да ги апсорбира радиобрановите во радиус од 10 метри и да ги користи како енергија.
Оваа направа на иднината не го користи стандардниот аналогно-дигитален систем. Иновацискиот елемент тука е „впивањето“ на вибрациите од микрофонот или звучникот, на пример, за да се изведе истата функкција.
Се разбира, новиот смартфон, што се уште е во експериментална фаза, ќе мине долг пат на усовршување, додека да ги замени сегашните смартфони.