Јапонската компанија „Neuroware“ претстави слушалки што ги следат мозочните бранови на корисникот и врз основа на нив пуштаат музика што одговара на неговото расположение.
Слушалките „Мико“ имаат дата база со околу 100 песни што точно одговараат на расположението и желбите на корисникот. Во пракса тоа значи дека ако корисникот е среќен, слушалките ќе репродуцираат весела музика, а доколку е тажен, побавна и релаксирачка музика.
„Neuroware“ слушалките имаат ретро-футуристички изглед и располагаат со сензор што се наоѓа над челото на корисникот. Овој сензор ја скенира мозочната активност, го анализира расположението на корисникот и избира музика од Мико базата со песни кои имаат зададено ознаки соодветни на расположението на корисникот.
Доколку на корисникот не му се допаѓа изборот на „Мико“, тогаш може да изврши повторно скенирање на мозочните бранови и да избере нова музика.
Мико слушалките се уште се во фаза на прототип и наспроти позитивните оценки од досегашните испитувања, не е познато кога ќе се најдат во продажба.