Фантастичниот тим на компанијата „Мастер енд Динамик“ ги здружи силите со славниот производител на алуминиумски куфери „Зеро Халибуртон“ и креираше ултимативен пренослив аудио сет.
Доколку сте на пат од дома кон музичкото студио, во металниот куфер ќе најдете „Мастер енд Динамик“ големи слушалки МХ40, МХ30 „Он иар“ слушалки, држач за истите и „Бум“ микрофон.
Дефинитивно Џејмс Бонд во ваков куфер носи слушалки кога шета во градот.
Кога станува збор за карактеристиките овие импресивни слушалки се обложено со фина кафена кожа и дизајнирани се со цел да ги се користат долг период.
Овој ексклузивен алуминиумски куфер е произведен во лимитирана серија од само 200 примероци по цела од 750 долари.