Словенечката компанија „Маг-лев Аудио“, производител на грамофонски плочи, го претстави првиот грамофон со т.н. „бесконтактна плоча“.
Фирмата преку порталот „Кикстартер“ започна кампања за собирање на сума од 300.000 евра, неопходна за производство на грамофони, кои со помош на магнетно лебдење (маг-лев) овозможуваат плочата да „лебди” во воздухот, наместо да „лежи“ на самиот грамфон.
Првите 100 заинтересирани купувачи ќе платат 700 евра, а натаму гранофонот ќе чини околу 1.250 до 1.350 евра, соопшти компанијата.