Слаби оценки за Facebook Home

Од:

Се добива впечаток дека Facebook Home на корисниците многу не им се допаѓа.

Ден откако стана достапен, дури 44 отсто од корисниците го оценија само со една звездичка на Google Play, додека 19,4 отсто сметаат дека вреди за пет звездички.

Во просек доби оцена 2,5 што не е идеален почеток. Зошто дојде до тоа?

Многумина кои ја дадоа најслабата оцена за Facebook Home сметаат дека Facebook премногу го контролира нивниот телефон. Тие сакаат да гледаат wallpaper и имаат пристап до традиционалните опции на Android. Еден корисник ги собрал впечатоците во следниве две реченици :„ Во потполност уништува се што претставува Android. Потполно отсуство на контрола“.

Спротивно на него љубители на Facebook коментират дека е убаво и едноставно да се користи таа апликација „ Секој кој сака својот телефон да го претвори во Facebook машина, оваа апликација му е потребна“.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска