Ова единствено дело на архитектурата неодамна е изложено во Интернационалниот уметнички центар во њујоршкиот Грент.
Дизајнирана и изградена од страна на архитектонскот-уметничко дуо Алекс Шведер и Вард Шели, куќата е скулптура во која тие двајца живеја пет дена за време на изложбениот перформанс.
Куќата е долга 13 метри и 2,6 метри широка и е сместена на врвот од високиот столб од 4,5 метри и може да ротира за 360 степени.
Куќата се движи во зависност од движењето на нејзините жители или ветерот и временските услови.
Уметниците кои пет дена поминаа во куќата истакнаа дека доживеале целосно нова и неопислива конкција, како со опкружувањето, така и меѓу себе, бидејќи во секој момент морале да бидат свесни во кој правец се движат.