Скопското астрономско друштво в четврток почнува со 18. Воведен курс по астрономија, чија цел е запознавање со основните термини, принципи и факти од областа на астрономијата.
Предавањата ќе се одржуваат два пати неделно во вторник и четврток во амфитеатарот на ФЕИТ – Факултетот за електротехника и информатички технологии со почеток во 20 часот, а на посетителите не им се потребни предзнаења од областа на астромомијата.
За време на курсот предвидено е да се обработат 11 теми од кои две ќе се реализираат во Планетариумот при Македонскиот културен центар – МКЦ во Скопје, а во обуката е вклучено и теренско набљудување со најголемиот телескоп во Македонија.
Заинтересираните повеќе информации може да прочитаат на веб-страницата www.astronomija.mk.