Скопска премиера на „Матасари“ на „Синедејс“

Од:

Филмот „Матасари“ на охридскиот режисер Илија Пиперкоски ќе ја доживее скопската премиера во рамки на „Синедејс“ фестивалот што 15 до 25 ноември ќе се одржува во киносалите „Милениум“, „Фросина“ и во Кинотеката на Македонија во Скопје.

Најновото дело на Пиперкоски на 29. март беше премиерно прикажано во Букурешт во рамки на „Некст филм фестивал“, инаку еден од најпознатите филмски фестивали во Југоисточна Европа.

Станува збор за краткометражен психолошки филм во кој главните улоги ги толкуваат Андреј Рошу, Анка Флореску, Крина Семчук, Алек Секареану и многу други. Режисерот Пиперкоски во неговото последно филмско остварување ја третира темата на предавството, раскажана преку бурниот живот на младите луѓе во Букурешт, кои под влијание на алкохол, дроги, не размислуваат рационално, туку водени од инстинкти и нагони го живеат својот секојдневен живот полн со страсти и гревови, се до моментот кога нема простор и време за да се вратат назад и да си ги поправат своите постапки, грешки, искажани зборови…

„Матасари“ ја доживеа македонската премиера во рамките на програмата „Македонска Панорама“ на годинешниот 33-ти Меѓународен фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ што од 15 до 21 септември се одржа во Битола.

Скопската публика ќе има можност да го погледне ова дело на Пиперковски в сабота на 17 новември од 15:00 часот во киното „Милениум“.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ