Скопје има нова култура, се наоѓа во населба Аеродром и се вика АудиоКултура

Од:

Посветени се повеќе од две децени на учење, истражување, слушање…создаден е врвен производ. Звучници и засилувачи во кои се отелотворени наука и уметност, а уникатноста е надополнета со рачна изработка и препознатлив дизајн.

Македонски производ со премиум перформанси кој успешно чекори во High End светот на аудио и за кој со гордост може да се потврди дека сериозно им пркоси на реномираните светски брендови.

Теохаров аудио ни овозможи одблиску да се запознаеме со неговите производи, но и со светските конкуренти, создаде дом за личната пасија во кој секој од нас ќе има можност да ужива во квалитетен звук.

Аудиокултура е урбан простор кој поставува повисоки стандарди во светот на музиката и бескомпромисно претендира да инспирира промени на подолг рок. Концепт чија цел е да внесе што поголем број на луѓе во светот на квалитетниот звук. Неколку суптилно распоредени места за седење, како и барот во склоп на просторот даваат уште поголема можност за непосредно негово доживување.

Светски познатите брендови како Focal, Rega, Scanspeak, Naim, Nomon се дополнителна гаранција за понудениот квалитет во просторот.

Огромниот број на посетители на денот на отварањето е потврда дека е создаден простор согласно основното мото на основачот на аудиокултура “Простор каде музиката соединува, простор кој нуди можност за совршено аудио доживување, едукација или едноставно уживање”.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска