Просечната скара за во двор не е баш уметничко дело и зазема премногу простор, а на пакувањето и носењето со себе можете да заборавите.
Дури и компактно преносливата скара која е направена за кампирање, може да биде робустна и неелегантна.
„The Grillo Portable BBQ“ од „Аксиома“ изгледа како скулптура и се склопува речиси во големина на чадор.
Изработена од нерѓосувачки челик, оваа скара има метална површина во облик на сончеви зраци која лежи на троножец.
Мрежата поставена под неа, служи за држење на цврстото годиво, како јаглен и дрва, изолирајќи ја топлината, за да троножецот остане студен на допир.