Скандал на ТВ Хепи: Канибал зборуваше каков вкус има човечкото месо

Од:

„Господине човекојадец, каков вкус има човечкото месо?“, прашува водителот. „Деликатес“, одговара гостинот и објаснува дека на боиштето јадел човечки лешеви, но и „свежо“ месо од луѓе. Оваа бизарна и вознемирувачка содржина е емитувана во четвртокот навечер, во 23:00 часот, на ТВ Хепи.

Во емисијата „Луда куќа“, пред публиката која на моменти се згрозуваше, а на моменти аплаудираше, водителот од гостинот бараше до детали да опише како, каде и колку пати јадел човечко месо, но и пред камерите да проголта жива жаба.

Човекот кој го претставија како „првиот српски канибал“ рече дека има психички проблеми, поради што бил пензиониран пред 12. години. Врв на бизарноста се случи кога во емисијата која е од забавен карактер, беше доведен и неговиот сосед кој раскажа како канибалот сакал да му ја изеде раката.

„Емисијата е емитувана после 23 часот, не очекуваме казна од надлежните институции. Веруваме дека при прегледот на емисијата ќе им стане јасно дека нема ништо бизарно ниоту пак со вознемирувачка содржина. Јасно е дека емисијата беше шеговита, тие што беа во публиката, така и ја профатија“, реагираат од телевизијата по најавите дека може да бидат казнети поради оваа непримерна содржина.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија