Симулатор за бременост за идните татковци

Од:

Научниците од Институтот Канагава во Јапонија дошле на идеја на идните татковци да им ги приближат промените кои во текот на бременоста се случуваат во телото на жената.

Тие го создале симулаторот „Мами Тими“, кој за само неколку минути им го пренесува на мажите искуството на трудница.

Имено, корисникот на симулаторот облекува јакна која е поврзана со резервоар за вода, а во која се пушта топла вода, со цел да се долови дебелеењето кое е карактеристично во периодот на бременост, растењето на бебето и движењата во стомакот. Во делот кој доаѓа преку градите се наоѓаат дури и балони, кои го симулираат растењето на дојките за време на бременоста.

Научниците веруваат дека овој необичен симулатор ќе им помогне на идните татковци да разберат колку бременоста може да биде тешка за нивните партнерки и поради тоа да имаат повеќе разбирање за нив, но и на тој начин да развијат посилна врска со бебето.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска