Класичната сијалица доби нов изглед благодарение на дизајнерот Баренд Хемес и „Suck UK“ тимот, за да ја воведат во 21 век.
Ова не е сијалица на која сте навикнати. Направена од ласерски сечено дрво, нејзиниот сјај остава решеткаст ефект на ѕидовите на просторијата.
Било да е легната на подот, или да виси од плафонот, или дури и да стои исправено, нејзината сестраност и дозволува да биде во која било положба.
Оваа современа сијалица со својот уникатен дизајн може да биде произведена од повеќе различни материјали.