Што треба мајките да ги научат синовите пред да пораснат?

Од:

Постојат голем број животни лекции и правила, кои родителите треба да им ги пренесат на своите деца, меѓутоа некои лекции ексклузивно се наменети за момчињата, а мајките треба да ги научат на нив пред да пораснат.

Сосема е во ред ако не си спортски тип – Спортот не е баш за секое момче. Некои го сакаат, но некои едноставно не се за тоа. Ако не сакаш да се занимаваш со спорт нема да те принудувам и ќе прифатам дека спортот не те интересира.

Никој не сака слика од твојот пенис – Сериозно. Никогаш, ама баш никогаш немој да го сликаш твојот пенис и некому да ја испратиш сликата преку мејл, мобилен, Твитер или што било друго.

Никогаш немој да престанеш да танцуваш – Малите момчиња обожаваат да танцуваат, но се до одредена возраст кога почнуваат да се срамат. Можеби некому не му звучи мажествено мажот да се расфрла со танцување на подиумот на ритамот на некој хит, но не сакаме да се откажеш од танцот. Уживај, наполни се со енергија, дозволи и на музиката да те понесе.

Научи да готвиш, чистиш и переш – Мил мој за ова еден ден ќе ми бидеш благодарен. Не само што ќе знаеш да се нахраниш себе си, куќата ќе ти биде уредна, а сите твои љубови ќе бидат благодарни, бидејќи си способен да се грижиш за себе и бидејќи си ги совладал основните техники на самопреживување.

Немој да бидеш насилник! – Немој да бидеш маж, кој користи физичка сила за да ја демонстрира моќта или за да понижиш некого. Немој да бидеш маж, кој се користи со јазикот, социајлните мрежи или нешто друго за да ги понижуваш и навредуваш другите. Биди маж, кој нема да застане на страна кога некого понижуваат или лошо се однесуваат со него.

На денот на венчавката ќе одиграш еден танц со својата мајка – Не ме интересира дали ќе ги отфрлиш сите традиции, ќе се венчаш скокајќи од падобран, ќе кажеш „да“ на ливада по сенката на некое дрво, но на денот на венчавката ќе одиграш еден танц со својата мајка.

Користи заштита и немој да направиш дете, освен ако… – си во врска со жена, која сака дете, вљубен си во неа до уши, сто отсто си уверен дека можеш да ја преземеш одговорноста и тоа навистина го сакаш.

Твојата работа не те дефинира – Иако живееме во сексистички свет и мажите се поистоветуваат со работата, што ја работат, немој да се оптоваруваш со тоа. Твојата работа може многу да каже за тебе, но нема да каже се. Сакам еден ден навистина да ја сакаш работата што ја работиш, но и да имаш на ум дека не те дефинира начинот на кој заработуваш пари.

Биди добро момче – Кога ќе пораснеш нема да бидам два чекора зад тебе за да е опоменувам да ја придржиш вратата, да кажеш благодарам, да те потсетам да не ги прекинуваш другите додека зборуваат. Биди пристоен, помогни им на постарите, ослободи им место на бремените жени.

Не значи не – Никогаш не преиспитувај што значи не. Прифати го одговорот и оди понатаму.

Никогаш немој да престанеш да даваш прегратки и бакнежи – Малите момчиња сакаат да се прегрнуваат, да се бакнуваат и да се галат. Немој тоа никогаш да го загубиш. Кога е тешко нешто да се искаже с озборови, изрази го со прегратка, таа зборува посилно од секој збор.

Да, способен си да чуваш деца – Иако не сакам прерано да имаш сопствено дете, не сакам да имаш страв од одговорности и деца. Еден од квалитетите на вистинскиот маж е да знае со деца и да му е пријатно со нив.

Биди добар со родителите на својата сакана – Немој да ме посрамиш. Запознај се со нив, ракувај се насмевни се. Подели комплимент за уредувањето на куќата или за нивната ќерка.

Животот не е каталог на Викторија Сикрет – Повеќето жени не ги усогласуваат градникот и гаќите. Вистинските гради паѓаат на страна кога жената ќе легне на грб и не се потполно исти. Вистинските жени не се фотошопирани убавици. Стриите се составен дел од животот. И понекој вишок килограм исто така. Жените понекогаш на некои делови од телото имаат влакна и тоа е реалноста.

Не си подобар од другите – Пријателски потсетник. И жената може да има подеднакво добра кариера како и ти, да биде успешна и да оствари се како и ти. Ова важи за сите етнички, национални и сексуални групи. Сите сме исти.

Јави ми се – Нема секогаш да живееме под ист покрив и многу ќе ми недостигаш. Знам дека ќе бидеш возбуден поради новиот живот, независноста, слободата и да и се јавиш на мама, нема да ти биде приоритет. Го разбирам тоа. Но сепак јави се понекогаш, барем еднаш неделно.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска