Што сакаат да ни кажат соништата преку сексот?

Од:

Сигурно многу пати во сон сте сонувале како имате секс и се разбира сакате да знаете што тоа значи.

Секс со шефот

Нема сомневање дека сонот во кој имате секс со шефот на работа остава силен впечаток – позитивен или негативен. Но, не се грижете. Ова значи дека ќе станете свесни за вашите сопствени сили и способности и конечно ќе бидете подготвени да го изберете она што го сакате во животот.

Секс со поранешниот 

Овој сон може многу да ве вознемири, но неговото значење повеќе се однесува на вас, отколку на него. Појавата на поранешениот љубовник во сонот ги симболизира одредените квалитети или недостатоци поврзани со него. На тој начин сонот ви кажува дека минатото треба да се остави таму каде што е и дека не ви е корисно повеќе во животот.

Секс со некој пријател или колега 

Ако сонувате секс со лице кое во реалниот живот ви е пријател, тоа не значи дека во реалниот вие го посакувате. Обично овие соништа го откриваат вашиот восхит на некој негов талент што и вие би сакале да го имате. Добро би било да размислите кои се тие нивни способности и да започнете да ги развивате кај себе.

Секс со припадник на ист пол 

Секс со маж, ако сте маж, или со жена ако сте жена, може многу да ве вознемири на сон. Сепак тоа не значи дека длабоко во себе имате хомосексуални тенденции, доколку во реалниот живот не сте геј. Овие соништа значат дека ќе започнете да се чувствувате подобро во сопствената кожа и ги будат чувствата за сигурност и самодоверба, но и зголемување на нивото на толеранција кон луѓето различни од вас.

Секс со познати личности 

Сексот со познати личности без сомнение е многу интересен, но, за жал, не пророчки. Овој сон открива дека имате скриени таленти и дека треба сами да започнете да ги откривате. И не само тоа. Вие сакате луѓето околу вас да го видат тоа и да започнат да ви се восхитуваат.

Секс со странец 

Ако сонувате секс со странец, добар размислете за некои свои карактеристики кои најчесто ги заборавате. Таквите соништа најчесто откриваат нешто за вас, што не го знаете, или не сте го виделе на време. Можеби сте срамежливи и не сакате да го признаете. Посветете се на вашите емоции и обидете се да дознаете што се крие зад нив.

Сон за неверство на патрнерот 

Е овој сон знае да биде навистина кошмар, но не грижете се, значењето не е буквално. Поконкретно, овој сон се однесува на вас. Обично значи дека се сомневате во вашата привлечност, но исто така и во сопствениот сексапил. Таквите соништа се сонуваат кога сте под голем стрес, или поради премногу обврски заборавате на себе. Тоа е нормално да се случи еднаш, па нема причина за загриженост.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска