Што нема на Фејсбук има во продавница

Од:

Дали социјалните медиуми можат да помогнат на компаниите? Рекламирањето на социјалните мрежи, на мали компании, за мали инвестиции, донесува голема корист.

Владимир Арнаутовиќ неодамна покрена работа на интернет. Поврзува молери и тие на кои им треба молерисување. Тестирал преку кои канали да дојде до клиенти. Утврдил дека традиционалните медиуми и понатаму носат повеќе работа. Но и рекламирањето на социјалните мрежи се покажало среќно за бизнисот.

– Огласувањето на социјалните мрежи ни донесе друга вредност која не ја донесе печатениот оглас, а тоа е популаризација на сервисот, создавање на база на податоци на нашите клиенти кои редовно можеме да ги обавестуваме за развојот на нашите сервиси – рече Арнаутовиќ.

Но не е довоно својата работа да ја објавите само на Гугл, Фејсбук или Твитер.

Комуникологот Владимир Арнаутовиќ вели дека поентата е да се искористат сите тие можности, со мала инвестиција која е десет па дури и сто пати помала од големите медиуми.

– Можат да се постигнат големи ефекти на социјалните мрежи – истакна Арнаутовиќ.

Главен ресурс на мрежите се пријателите, познаниците и колегите. Кога некој ќе покрене бизнис тоа се претвора во јавност со која тоа лице се рекламира. Ако ги нема доволно за реклама, агенциите сами ќе ги најдат. Иако, не е се во бројките.

Социјалниот психолог Николина Лјепава вели дека некој може да има страница која е со 100.000 лајкови, но интеракцијата со корисниците кои тоа го лајкувале да биде многу ниска.

– Додека на страница која има многу помалку лајкови, ако е подобро таргетирана, може да има поголема интеракција и многу поголем ефект – вели Лјепава.

А ефектите на онлајн каналите за комуницирање се исклучително мерливи. Според бројот на лајковите, шеровите, ретвитовите или кликањата, точно знаете колку луѓе ве виделе и на колку им се допаднал вашиот производ. А ако знаете на кого и како треба да се обратите на социјалните мрежи, за рекламната кампања не мора да платите ни денар.

РТС – Белград

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска

Твитер недостапен во Русија, проблеми и со Фејсбук и Инстаграм

Ана Ололовска

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Ана Ололовска

Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

А1он