Американските научници извршија 70 истражувања со цел да утврдат кои методи ја зголемуваат интелигенцијата кај предучилишните деца.
Не е исклучено дека бебињата во стомакот на мајката сакаат да го слушаат Моцарт, но тоа сигурно не придонесува за зголемување на интелигенцијата, покажуваат резултатите на американските истражувања објавени во „Перспективи на психолошката наука“.
Во 70 истражувања направени на Универзитетот во Њујорк, вниманието било посветено на когнитивните способности кај децата – социјалната и емоционалната интелигенција не се анализирани.
Истражувањата покажуваат дека омега-3 масните киселини во текот на бременоста и во првите години од животот, интеракцијата родител – дете, на пример „заедничкото читање“ кај децата до четири години, како и престојот во градинка ја зголемуваат интелигенцијата кај децата. Децата чии родители им читале просечно имаат шест поени поголем коефициент на интелигенција од другите деца.
И престојот во градинка ја зголемува интелигенцијата, посебно кај децата кои се недоволно стимулирани од родителите. Децата кои претстојуваат во градинка и секојдневно се во контакт во врсниците имаат и до седум опени поголема интелигенција.
Научниците се уште не ја утврдиле причината зошто омега-3 масни киселини влијаат врз развојот на интелигенцијата, додека железото, цинкот и мултивитамините не покажале мерлив ефект на интелигенцијата.