Резултатите од новото истражување направено во врска со сексот и храната, ги шокираа експертите. Тие откриваат дека се поголем број на мажи и жени повеќе би сакале да се откажат од секс, но не и од нивната омилена храна.
Сепак, тоа не значи дека сексот се жртвува само поради слатки, туку многу жени признаваат дека повеќе би останале без секс, отколку без зелена салата.
Веб-сајтот Match.com го спроведе ова истражување од чии резултати се забележува дека едно од три лица признава дека попрво ќе нема секс година дена, отколку во истото тоа време да се откаже од своите омилени јадења.
Како што се очекуваше, 32% од овие испитаници се жени, наспроти 16 % мажите кои исто така сексот го менуваат за храна. Меѓу нив е голем процент од оние кои се во врска, така што околу 28 % од нив, наместо секс избраат храна, наведува магазинот.
А кога станува збор за храната која никогаш не би ја оставиле, повеќето најмногу споменаа месо и чоколадо.
„Луѓето многу често велат дека повеќе би сакале да си купат нешто, да добијат пари, да се наспијат или најдат отколку да водат љубов.
– Мислам дека тоа покажува дека луѓето го не го сфаќаат сексот како што треба, туку здраво за готово, или пак не уживаат во него“, вели главниот и одговорен уредник на гореспоменатиот сајт.
„Ако мислите дека повеќе ви се допаѓа храната од сексот, тогаш ви е потребен поинаков пристап кон сексот за да и тој биде третиран како храна“ вели експертот за сексуални односи кој ги толкуваше резултатите од истражувањето.