Шест знаци што укажуваат дека црниот дроб не работи како што треба

Од:

Црниот дроб е најголема жлезда во човечкиот организам, во која се наоѓаат околу 300 милијарди клетки на ткивото хепатоцит, кои вршат над 500 различни физиолошки функции, од кои повеќето се неопходни за одржување во живот.

Дека црниот дроб не работи како што треба покажуваат следните симптоми.

1. Болки во стомакот.
Болка од десната страна под ребрата е еден од знаците за болест на црниот дроб.

Црниот дроб опфаќа поголем дел од стомачната шуплина, а нејзиниот масен крај се наоѓа на десната страна и ако е оштетен или под воспаление, се јавува болка.

2. Жолти очи или кожа (жолтица).
Кога телото разградува стари крвни клетки, расте билирубинот во крвта. И додека здрав црн дроб нема проблеми со складирањето на билирубинот, болен црн дроб дозволува билирубинот да се собира во крвта, а симптомите се жолти белки на очите или жолта кожа (жолтица).

Темната боја на урината и светла боја на столицата исто така се знаци на жолтица.

3. Мачнина.
Повраќање, замор и губење на апетитот меѓусебно се поврзани симптоми на болест на црниот дроб, посебно автоимуниот хепатитис.

Автоимуниот хепатитис е состојба во која имунолошкиот систем погрешно ги напаѓа клетките и ткивото на црниот дроб, а почест е кај жените отколку кај мажите.

4. Дамки на кожата.
Ако црниот дроб не ја чисти правилно крвта, доаѓа до проблем со згрутчување на крвта во близина на површинскиот слој на кожата.

5. Збунетост.
Ако црниот дроб е болен во крвта и во мозокот може да се создаде премногу бакар, што може да доведе до пореметувања слични на Алцхајмеровата болест.

Тој симптом е поврзан со напредна фаза на болест на црниот дроб, што значи дека тоа веројатно нема да биде прв (или единствен) симптом, ако црниот дроб не работи како што треба.

Би можело да ве интересира

Колку добро го познаваме нашето срце

Предраг Петровиќ

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска