Шакира осомничена за затајување данок во Шпанија

Од:

Колумбиската поп-ѕвезда Шакира е осомничена за затајување данок во Шпанија, а доколку наводите се покажат како точни, таа може и да се најде зад решетки.

Шпанските даночни власти тврдат дека Шакира не го платила целосниот износ од данокот на приходи, по што наложија истрага во врска со финансиите на пејачката во периодот од 2011 до 2014 година, објави каталонскиот весник „Вангардија“.

Даночната агенција на Шпанија соопштува дека поради тоа што Шакира во тоа време живеела во Шпанија, требало да плати данок не само приходите остварени во земјата, туку и за заработката стекната надвор.

Државните обвинители треба да утврдат дали постои основано сомнение за подигнување обвинение.

Би можело да ве интересира

Шакира повторно возврати: „Ме запалија на клада како вештерка“

Шакира конечно проговори за раскинувањето со Пике

Која е жената која е во фокусот на новата песна на Шакира: Колумбијката разоткри уште една драма

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Пике го изнервираа на сред прослава скандирајќи „Шакира, Шакира“

Предраг Петровиќ

Нова истрага против Шакира: Се соочува со осум години затвор

Нова истрага против Шакира: Се соочува со осум години затвор