Серијата „Нов изглед“ го оживува соперништвото меѓу Коко Шанел и Кристијан Диор

Од:

Своевремено Коко Шанел и Кристијан Диор си беа најголеми конкуренти во модниот свет, а серијата „Нов изглед“ која ќе излезе во февруари ни дава сосема нова перспектива на односот меѓу овие две икони.

Приказната се случува паралелно со Втората светска војна и ја опфаќа приказната за основањето на самостојниот бренд на Кристијан Диор, кој во тоа време го носеше истото име како и дизајнерот, а денес е познат само како „Диор“.

Првата колекција на Диор се викала „Новиот изглед“, а продуцентот Тод А. Каслер открива дека приказната ги следи почетоците на овој бренд, но и ривалството со Коко Шанел. Соперништвото меѓу овие две модни икони не била само на пистите – Коко била оперативец на нацистичките служби, додека сестрата на Диор била мачена во еден логор поради нејзината активност во францускиот отпор.

Во улогата на Диор ќе го гледаме Бен Менделсон, додека Шанел ќе ја глуми Жулет Бинош.

Би можело да ве интересира

Серија која го сруши рекордот на Еми наградите, гледачите ја споредуваат со „Игра на троновите“

ВИДЕО: Најпопуларна серија на Нетфликс-64 милиони луѓе ја гледаа новата сезона

Тајната е откриена: Како се прават звуците на чудовишта во серијата The Last of Us

ВИДЕО: Објавен датумот на премиерата на продолжението на La Casa de Papel

На секои три секунди се продава по едно шише парфем што го рекламира Џони Деп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Жестоко пукање при снимање на американска серија во Пула, луѓе во паника бегаат од кафулињата

А1он