Резиденцијата во Тексас е хармоничен спој на панорама и органиски материјали.
Дабовите се вклопени во архитектурата на семејната куќа и создаваат убаво природно опкружување.
Топлата семејна модерна куќа се простира на повеќе од 550 метри квадратни. Сопственикот на куќата истакна дека другите луѓе се изненадени од тоа што модерниот дом е топло и семејно место.
Покрај оприродното опкружување домот е опремен со модерна технолгија и е совршено место за уживање во семејниот живот.
Персиските теписи од 19 век се наоѓаат на подовите на големата дневна соба, а уметничките дела од минатиот век ги декорираат ѕидовите.