Секој петти смартфон ќе поддржува 5G до крајот на 2021 година

Од:

Следната голема иновација на глобалниот пазар на паметни телефони ќе биде воведувањето на првите уреди со дисплеи на преклопување, како и изградбата на 5G мрежите. Многу корисници имаат желба да користат такви уреди во нивниот секојдневен живот, но ќе треба време пред тоа да се оствари. Аналитичарите се уверени дека следната година ќе видиме 5G паметни телефони, но нивната цена ќе биде многу висока за повеќето потрошувачи, објави „Дигитајмс“.

Сепак, ова ќе биде првиот голем чекор во промовирањето на технологијата. Потребни се најмалку две години пред 5G паметните телефони да станат водечки фактор во мобилната индустрија. Ова ќе се случи едвај во 2021 година, кога оваа иновација ќе стане неопходна карактеристика на повеќето нови модели од водечките производители. Трендот ќе се продлабочи до крајот на 2022 година. 5G уредите ќе генерираат 18 отсто од продажбата на пазарот на паметни телефони.

Технолошките пречки ќе ја попречуваат интеграцијата на 5G чиповите во уреди со „Интернет на нештата“ (ИоТ). Затоа, до крајот на 2021 година, над 97 отсто од сите уреди со 5G ќе бидат паметни телефони. Дури тогаш постепено ќе почнеме да гледаме други паметни уреди со технологијата. Станува збор за време кога сите ќе можеме да ги искористиме придобивките од 5G мрежите, а следните три години ќе бидат клучни за постигнување на оваа цел.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

Познавачите предвидуваат: Паметните телефони ќе исчезнат за 10 години

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска