Се зголемува продажбата на скапи ајфони

Од:

Компанијата „Епл“, чија берзанска вредност се приближува до границата од 1.000 милијарди долари, забележа резултати подобри од очекуваните во второто тримесечје, благодарејќи на повисоките цени на ајфонот.

„Епл“ соопшти дека продала 41,3 милиони ајфони во тримесечјето до крајот на јуни, што е скромен пораст од еден отсто во однос на минатата година. Меѓутоа, компанијата повеќе од предвиденото го надополни тој мал раст на продажба со зголемените цени на апаратот. Во тој сегмент приходот се зголеми за 20 отсто, достигнувајќи речиси 30 милијарди долари.

Фирмата нагласи дека ајфон Х, промовиран минатата година и кој се продава за 999 долари, и понатаму е најпопуларен модел во вториот квартал, поттикнувајќи повисоки продажни цени.

Просечната продажна цена на ајфонот достигна 742 долари, многу повеќе од очекуваните 694 долари.

Благодарејќи на добрите резултати, акциите на „Епл“ се зголемија 4,03 отсто, односно 197,95 долари во електронското тргување по затворањето на Волстрит, што е десетина долари помалку од достигнување на берзанската вредност од 1.000 милијарди долари. „Епл“ ќе биде првата приватна компанија која ќе ја надмине границата од илјада милијарди долари.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска