Режисерот Сивен Кијак подготвува долгометражен документарец за една од најпопуларните машки групи Backstreet Boys.
Филмот зборува за животот на членовите на групата, од нивните детски денови до нивното здружување во групата.
Документарецот треба да биде подготвен до крајот на оваа година.
Таа група продаде 130 милиони примероци од албумите во врвот на својата кариера што ги вброи во топ-30 светски музички групи. Групата има и понатаму голема популарност во Јапонија, Латинска Америка, Германија, Англија и САД.