Се бакнаа Мет Дајмон и Мајкл Даглас

Од:

Легендарниот актер Мајкл Даглас заедно со својот малку помлад колега Мет Дајмон неодамна беа видени како страсно се бакнуваат. За среќа на нивните сопруги, тоа им беше дел од работата во новиот филм на кој и двајцата се ангажирани „Behind The Canelabra“.

Во прашање е биографската приказна за познатиот пијанист Либераче, кој бил заразен со СИДА, а починал 1987. година.

Мајкл Даглас го глуми токму славниот пијанист кој во седумдесеттите години беше еден од најскапо платените изведувачи во светот.

Улогата на Скот Торсон, возачот на Либераче, кој наводно му бил и љубовник, ја има Мет Дајмон. Режисерот Стивен Содерберг потврди дека гледачите ќе имаат можност да видат бакнување на сцена помеѓу двете филмски ѕвезди, а истото го призна и Мет за „Е-онлајн“: „Никогаш не ни сонував дека ќе го бакнам и Мајкал Даглас, но ете и тоа се случи. Според сценариото бакнувањето е предвидено во неколку сцени“.

Телевизиската драма за славниот пијанист е закажана за следната година на каналот „HBO“.

Интересно е да се спомне дека за време на својот живот, Либераче никогаш не призна дека е геј, иако постојано се ширеа гласини дека е. Минатата година, една од неговите најблиски пријателки, Бети Вајт, ја потврди неговата хомосексуална определба.

Би можело да ве интересира

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ