Саша Барон Коен како Фреди Меркјури

Од:

Гитаристот на групата “Квин” Брајан Меј потврди дека филмот за животот на познатиот Фреди Меркјури ќе се снима и дека може да се очекува во кино салите во 2014 година.

Меј рече, како што пренесува “Сан”, филмот ќе го опфати животот на пеачот од почетокот на својата кариера па се до настапот на групата на Лајв ејд концертот во 1985. година.
а Меркјури би требало да го игра комичарот Саша Барон Коен.

“Ви ветив вести од вчерашната средба на бендот “Квин”. Нашата главна задача е филмот за Фреди, кој, среќен сум да потврдам дека ќе се снима”, наведе Меј на својата веб страница.

“Коцките се склопија. Снимањето започнува на пролет а Саша Барон Коен ќе го игра Фреди. Филмот во кино салите се очекува да се појави на почетокот на 2014 година.”

Меј додаде и верува дека и Меркјури, кој почина во 1991 година, би бил воодушевен од идејата.

Сценариото ќе го напише Питер Морган, а ќе го продуцира компанијата на Роберт Де Ниро “Трајбека продакшн”.

Би можело да ве интересира

Двоен „Златен був“ за „Прозаични стихови“ на Али Асгари и Алиреза Катами на 14. Филозофски филмски фестивал

Кинотека во рамки на проектот Сезона на филмски класици ќе го реставрира Мис Стон

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кевин Костнер заплака во Кан: „Жал ми е…“

Предраг Петровиќ

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“