Технолошките компании постојано се натпреваруваат која може да „складира“ повеќе меморија во што помал простор. Новиот победник е израелско-американската фирма Сан-Диск, со својот УСБ флеш драјв за смартфони со капацитет од еден терабајт.
Сепак, во поглед на капацитетот, тие не го надминаа минатогодишниот рекордер Кингстон, каде што во малку поголемо од просечното УСБ, сместија два терабајта.
УСБ-то на Сан-Диск има широчина помала од паричка од 50 евроценти. А, се работи за најновата технологија УСБ-Ц, што значи дека тој стик може да се приклучи во Андроид телефон.
Изумот се уште е во фаза на тестирање, а се претпоставува дека ќе чини 500 долари.