Самсунг се поблиску до Епл на американскиот пазар

Од:

Јужнокорејската компанија „Самсунг“ успеа да го зголеми својот удел на американскиот пазар на мобилни телефони и да се приближи досега неприкосновениот Епл, што ги произведува Ајфон телефоните.

Најновите податоци покажуваат дека Самсунг сега држи 30 отсто од пазарот, наспроти 39-те отсто на Епл, додека пред една година разликата беше 41-21 во корист на американскиот производител.

Ју-Ес-Еј Тудеј наведува дека далеку зад нив се наоѓаат Моторола со седум отсто и ХТЦ и ЛГ со шест отсто.

Една од причините за растот на Самсунг секако лежи во четирите милијарди долари што компанијата ги потроши минатата година на реклама.

-Потрошија повеќе од Епл, Мајкрософт или Кока Кола, вели аналитичарот Хорас Деди, кој го следи пазарот.

Самсунг најголемиот успех го постигна со својот нов телефон галакси С3, што е пандан на Ајфон 5 на Епл.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска