Јужнокорејскиот електронски гигант „Самсунг“, заедно со група истражувачи од Универзитетот во Тексас, работи на систем за управување на таблет апаратите со мисли и планира оваа технологија да и ја понуди на широката јавност.
Компанијата и aмериканските научници работат на создавање заштитен шлем со приемници за ЕЕГ (електроенцефалографија).
Првите тестирања овозможиле контрола на таблетот на „Самсунг“ – „Галакси таб 10.1“ со помош на електрични импулси на мозокот.
Тестовите покажале дека со помош на мислите може да се активира одредена апликација, да се избере контакт, одредена песна на плејлистата или да се изврши повик.
Тоа, како што сметаат во „Самсунг“, би можело да им овозможи на лицата со посебни потреби да ги користат своите мобилни апарати на поприлагодлив начин.
Контролата на мобилните апарати и компјутери на далечина и со мисли не е нешто ново, но „Самсунг“ е прв производител на „таблети“ и смартфони кој конкретно се ангажира на истражување поврзано за оваа проблематика.