Јужнокорејската компанија Самсунг претстави на конференција за флеш меморија во Калифорнија најголем на свет ССД, брз диск за чување податоци.
Уредот е изработен благодарение на новата мемориска технологија на флеш 3Д на компанијата.
Самсунг ССД дискот, со формат од 2,5 инчи е наменет првенствено за компании, и има капацитет од 15,36 терабајти.
Големиот простор за чување податоци е постигнат благодарение на технологија за поставување на мемориски ќелии една во друга што овозможува максимизирање на меморијата на самиот диск.