Самсунг претстави нов таблет Галакси Таб Е

Од:

Јужнокорејската компанија „Самсунг“ денеска претстави нов уред Галакси Таб Е со 9,6 инчен екран.

Станува збор за таблет модел од средна класа со дебелина од 8,5 мм и тежина од 450 грама. Уредот има 9,6 инчен екран со резолуција од 1.280х800 пиксели и работи на Андроид 4.4. КитКат платформа.

Галакси Таб Е е опремен со квад-кор процесор со брзина од 1,3 гигахерци, 1,5 ГБ РАМ и 8 ГБ интерна меморија, камера од 5 мегапиксели, вај-фај поврзување и батерија од 5.000 мили Ампер часа.

Самсунг Галакси Таб Е ќе чини 225 долари и наскоро ќе се најде во продажба низ целиот свет.

Би можело да ве интересира

4iG ги поттикнува иновациите и растот како лидер на пазарот во мобилните телекомуникации

На мобилен месечно зборуваме по 3,5 часа, на фиксен половина час

Ана Ололовска

A1 Македонија ќе ги доставува месечните сметки електронски до корисниците

Ана Ололовска

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Во првиот квартал 1,9 милиони претплатници во мобилната телефонија

Ана Ололовска

Во мобилната телефонија 1,969 милиони претплатници

Ана Ололовска