Јужнокорејскиот производител „Самсунг“ во „Samsung Global Download“ центарот претстави два нови „фонблети“ со 5,8 инчи и 6,3 инчени екрани.
Претставените модели се со ознаките ГТ-И9200, ГТ-и9205 и ГТ-и9208.
Сепак, компанијата најверојатно нема да го користи името „фонблет“ за својот нов уред и на пазарот ќе го претстави како „Галакси Мега“.
Според достапните информации, најверојатно ќе бидат понудени два уреди, помал со екран од 5,8 инчи и поголем со екран од 6,3 инчи.
Уредите се очекува да бидат понудени на пазарот кон средината на јуни 2013 година.