Самсунг најави два помали Галакси телефони

Од:

Јужнокорејскиот производител на мобилни телефони „Самсунг“ пред Саемот во Барселона претстави два нови Галакси телефони. Станува збор за моделите „Young“ и „Fame“, кои според карактеристиките се во долниот дел од понудата.

Двата уреди се со Андроид оперативен систем, но според изгледот се блиску до поголемиот Галакси С3.

Моделот „Fame“ доаѓа со процесор од 1 Гигахерци, Андроид 4.1 и 3,5 инчен ХВГА екран. Тој е опремен со 5 мегапикселна камера со блиц и предна ВГА камера, како и 512 МБ работна меморија и 4 ГБ вградена меморија што може дасе зголеми со микроСД картичка.

Помалиот модел „Young“ има екран од 3,27 инчи и Андроид 4,1 оперативен систем, но послаба камера со 3 мегапиксели. Тој има 4 ГБ вградена меморија и РАМ меморија од 768 МБ.

Датумот кога ове два модели на Самсунг треба да се најдат на пазарот не е познат, ниту пак нивната цена.

Би можело да ве интересира

На мобилен месечно зборуваме по 3,5 часа, на фиксен половина час

Ана Ололовска

A1 Македонија ќе ги доставува месечните сметки електронски до корисниците

Ана Ололовска

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Во првиот квартал 1,9 милиони претплатници во мобилната телефонија

Ана Ололовска

Во мобилната телефонија 1,969 милиони претплатници

Ана Ололовска

Најинтересните карактеристики на Самсунг Галакси Ес10, Галакси Ес10 + и Галакси Ес10e

Сандра Бошковска