Самсунг денеска информираше дека е во разговори со кинеската компанија ЗТЕ за да почне одново да ја снабдува со процесори за мобилни телефони.
Кинескиот производител на мобилни телефони ЗТЕ беше ставен под строги американски санкции поради доставување на технологија до Иран. Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна соопшти дека соработува со кинескиот претседател Си Џинпинг за олеснување на санкциите против ЗТЕ.
Се очекува дека американскиот производител на полупроводници и информатичка технологија Куалком ќе биде главен соперник на Самсунг во добивање на дел од бизнисот со ЗТЕ.