„Самсунг“ ќе го лансира новиот смартфон Зет-4

Од:

Компанијата „Самсунг“ објави дека новиот смартфон од линијата Зет, наречен Зет-4, е подготвен и наскоро ќе се појави во продавниците во Индија.

Зет-4 е наменет за економии во развој, поради што ќе биде и поевтин. Ќе користи оперативен систем „Тизен“ и ќе содржи 4,5 инчен ВВГА екран со резолуција од 480 на 800 пиксели, „квад-кор“ процесор од 1,5 гигахерци, еден гигабајт РАМ, предна и задна камера од по 5 мегапиксели, батерија од 2.050 милиампер часови и Блутут поддршка.

Со оглед на тоа дека перформансите на овој уред одговараат на оние на смартфоните произведени во 2011 година, не се очекува тој да се појави во Европа или барем не официјално. Цената се уште не е позната.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска