На австралискиот брег е изградена куќата „Авалон“, чиј покрив е претворен во прекрасна зелена градина, како обележје дека станува збор за градба со самоодржливи карактеристики.
При изградбата на куќата, архитектите од студиото „АрчиБлокс“ воделе сметка влијанието врз природата да го сведат на минимум и да создадат една еколошка градба.
„Зелениот“ покрив, односно градината над куќата, покрај визуелниот ефект, има и карактеристика на термална маса, која ја одржува топлината во градбата под него.
Оваа монтажна куќа е поставена на камена основа, која воедно ја воспоствува врската меѓу градбата и теренот на кој се наоѓа. Нејзиниот монтажен карактер ја прави куќата лесна и брза за градба и овозможува нејзина дислокација.
Куќата е поставена во правец исток-запад со цел да се обебзеди природна вентилација, а во исто време прозорците од јужната страна се поставени така што би можеле оптимално да ја привлекуваат сончевата светлина.