Неодамна спроведено истражување покажува дека една резанка од лубеница дневно може да го спречи зголемувањето на лошиот холестерол и на тој начин да помогне во спречување на развојот на срцеви болести.
Научници го спровеле истражувањето врз глувци, а резултатите покажале дека со додавање на лубеницата во исхраната двојно е намалена стапката на липопротеинот (ЛДЛ), познат како лош холестерол кој доведува до запушување на артериите и срцеви болести.
Се претпоставува дека тајната на здравствените предности на лубеницата е во цитрулинот, состојка која се наоѓа во нејзиниот сок.
Цитрулинот има голема улога во превенција на болести на срце, на тој начин што го намалува високиот крвен притисок.