Најновото истражување на американскиот институт за кардиологија при Универзитетот „Алберт Мазанковски“ покажува дека не мора да се биде сериозен пушач за да постои зголемен ризик од ненадејни срцеви удари.
Студијата порачува дека жените кои ќе запалат само една цигара дневно имаат поголем ризик да починат при срцев удар, отколку оние кои не пушат.
Истражувањето, кое започнало уште во 1980 година, е извршено врз 1.000 жени на возраст од 30 до 55 години, кои пушеле од една до 14 цигари дневно.
– Одамна е познато дека пушењето е една од причините за срцев удар. Меѓутоа, досега не знаевме како бројот на цигарите и пушачкиот стаж влијаат врз жените кои немаат здравствени проблеми, истакна доктор Рупиндер К. Сандху.
Во текот на 30-годишната студија 351 жена починале од инфаркт, а истражувачите откриле дека дури и повремените пушачи имаат двојно поголеми шанси да починат на овој начин во споредба со непушачите.
Истражувачите ја пронашле и врската меѓу пушачкиот стаж и ризикот од срцев удар. Конкретно, овој ризик се зголемува за осум отсто секои пет години, кои се поминуваат конзумирајќи цигари.
Кај жените кои во текот на истражувањето одлучиле да се откажат од цигарите, ризикот од инфаркт се намалил, но не моментално.