Само 3% од денешните тинејџери ги користат телефоните само за разговори

Од:

Тие се генерација која можеби не знае кој бил Стив Џобс, некои дури уште не знаат да ги врзат врвките на патиките, но просечни деца на шест годишна возраст знаат повеќе за дигиталната технологија отколку просечните 45 годишни луѓе.

Тоа го покажа годишното истражување на британскиот Офком во кое се наведува дека денешните деца никогаш не се сретнале со проблеми на аналогно спојување на интернет и слични проблеми од темното минато, но со паметните телефони и таблети се служат и пред да научат да зборуваат.

– Тие деца го менуваат начинот на комуникација. Растат во дигитално време и се развиваат целосно поинаку од што се развивале возрасните, па дури и тие кои денес во време од 16 до 24 години кои се сметаат за пионери на таа модерна генерација – вели Џејн Рамбл, една од водачите на истражувањето.

Посебно е интересен податокот дека дури 84 отсто испитани на возраст од 12 до 15 години изјавиле дека без модерната технологија би биле изгубени. Најголемата промена сепак се однесува на податоците за телефонирањето и комуницирањето преку телефон.

Додека пред 20 години младите речиси имаа монопол на користењето на домашните телефони за разговори со пријателите, девојките и момчињата, само три отсто од денешните тинејџери телефонот го користат за разговори. Повеќето од нив комуницираат по пат на СМС, праќаат фотографии и видео материјали. Тоа помалку загрижува, а авторите на истражувањето заклучија дека најмладата генерација го губи гласот.

Би можело да ве интересира

4iG ги поттикнува иновациите и растот како лидер на пазарот во мобилните телекомуникации

Горан Наумовски

На мобилен месечно зборуваме по 3,5 часа, на фиксен половина час

Ана Ололовска

A1 Македонија ќе ги доставува месечните сметки електронски до корисниците

Ана Ололовска

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Во првиот квартал 1,9 милиони претплатници во мобилната телефонија

Ана Ололовска

Во мобилната телефонија 1,969 милиони претплатници

Ана Ололовска