Дизајнерот Хоман Колији ја осмислил симпатичната саксија „Ливи“ со чија помош можете да направите вертикална градина на прозорецот или ѕидот без полици.
„Ливи“ може да се користи како држач за саксии или во него може директно да се посади цвеќе или тревки за зачин.
Саксијата се прикачува за вертикалната површина користејќи нанотехнологија – на ногалката се поставени микро ленти формирани од микроскопски воздушни џебови кои создаваат вакум кога ќе се притиснат на рамна површина.