Сакала да има 450 килограми, но плановите и се изјаловиле поради бременост

Од:

Моника Рајли (28) од Тексас, сакала да стане најдебела жена на светот, но една непланирана вест сепак и ги променила плановите.

Таа имала желба да достигне тежина од 450 килограми, па дневно внесувала по 7.000 калории. Некогаш тој број достигнувал и до 8.000. На ден јадела по десет хамбургери, 30 пилешки медаљони, шест колбаси во пециво, тестенини, сладолед, колачи…

Вереникот и помагал во исхраната, хранејќи ја со лажица.

– Целта ми е да достигнам тежина од 450 килограми. Сакам да бидам најдебелата жена на светот и да станам неподвижна, да се чувствувам како кралица, изјави тогаш Рајли.

Но, нејзините планови се променија кога дознача дека е бремена. Сега, Моника се труди да ослабе, за да успее да се носи со улогата на мајка.

За десет недели изгубила 90 килограми и се пофали дека со самото тоа сексуалниот живот и е подобар. Пред оваа бременост, Моника имала два спонтани абортуси.

– Сфатив дека моите прехранбени навики се ужасни и чувствував вина поради абортусите. Откако дознав дека сум бремена, знаев дека морам да променам се од корен. Почнав да внимавам што јадам, вежбав и се грижев за своето тело, изјави таа.

Моника сега дневно внесува 2.000 калории и тврди дека сега сфатила дека сака здрава храна, како овошје, зеленчук и житарици. Истакна и дека планира детето да го храни здраво, за да биде среќно и активно.

Нејзиниот вереник Сид изјави дека во Моника е заљубен како првиот ден и дека него килажата во никој случај не му била важна.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Жена со години јаде камења, досега изела над 1.360 килограми

Ана Ололовска

Бизарна смрт во Барселона – човек загинал барајќи си го телефонот во скулптура на диносаурус

Жарко Настоски

Индиска двојка за три години се селела 18 пати поради фобија од лебарки

Ана Ололовска

На денот на свадбата свекрвата дознала дека снаата и е родена ќерка

Ана Ололовска

Приказна што го шокираше светот: Го воспитувала 13 години, а потоа го завела, сега имаат бебе

Ана Ололовска

ВИДЕО: Само во Јапонија – фирма „купува“ човечки лица за 300 евра и прави морничаво реалистични маски

Жарко Настоски