Администрацијата на САД го исфрли софтверот од московската фирма „Лабораторија Касперски” од две листи на владини технолошки набавки.
Причина за тоа е сомнеж дека производите на оваа компанија за кибер безбедност може да се користат од страна на Кремљ за недозволен пристап до компјутерски мрежи во САД.
Исфрлањето од листите е најконкретната мерка против „Касперски”, по сомнежот на американското разузнавање дека фирмата можеби е премногу тесно поврзана со соперничките руски разузнавачки служби, обвинети за кибер напади врз САД.
Инаку, софтверот за антивирусна заштита „Касперски” е популарен, како во светот, така и во САД, а фирмата е водечка во оваа област веќе неколку децении.